fbpx

Ѝ потекоа солзи кога го овори подарокот од младоженецот: Не беше за неа, емоциите ја совладаа (ВИДЕО)

Невеста ги воодушеви своите следбеници на „Тик Ток“ откако објави искрен момент од денот на својата венчавка.

Непосредно пред да прошета пред олтарот, таа добила подарок од нејзиниот иден сопруг, но истиот всушност не бил изненадување за неа. Бил наменет за некој кој сè уште воопшто не постои.

На денот на венчавката, младоженецот ѝ подарил на својата сакана нараквица која нивното прво дете ќе ја носи на неговата свадба. Видеото предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, некои дури ги расплака, а прегледано е повеќе од шест милиони пати.

Идната невеста Кајла Реј се подготвувала да се омажи за љубовта на нејзиниот живот, Тери. Непосредно пред почетокот на големиот ден била изненадена кога добила подарок од својот вереник кој не бил наменет за неа. Кога ја отворила малата кутија за подароци, нашла нараквица со порака на неа.

„За нашето првороденче, ова е специјално направено за тебе, на денот на свадбата со твојата мајка во 2023 година. Сакав да направам нешто што ќе трае со години и што ќе го носиш на денот кога ќе тргнеш кон олтарот..“, ја чита невестата пораката во видеото, борејќи се со солзите.

„Во моментов не знаеме како изгледаш, како изгледа твојата насмевка, дали си смешен како татко ти или духовит како мајка ти, но во овој момент, денес, знаеме дека си сакан затоа што ќе те имаме како продолжение на нашата љубов“, продолжува со читањето.

Кајла повеќе не може да ги задржи емоциите.

„Ова е многу слатко! Навистина добро си ја завршил работата“, му порача таа на својот сопруг.

Оние што ја следат на „Тик Ток“ не штедеа комплименти за нејзиниот избраник.

„Ова е неверојатно внимателно“, „Ова е вистинска љубов“, „Тој е толку подготвен да создава живот со тебе“, се дел од коментарите.

Следни Објави

Се огласија ќерките на Мешковски: Пораката ќе ве расплаче, ова му е последната желба

Во Драмски театар во Скопје денеска се одржа комеморацијата за легендарниот македонски актер Димче Мешковски. На присутните им се обратија режисерот Коле Ангеловски и актерот Драган Спасов-Дац, а најемотивен дел од настанот беше пораката која од името на неговите ќерки Наташа и Јасна ја прочита в.д. директорката на Драмски, Маја […]