fbpx

Естрадата завиена во црно: Почина познатиот пејач, пронајден мртов во неговиот дом

Почина Пол Катермол, еден од основачите на британскиот поп-бенд „S club 7“. Имаше само 46 години.

Тажната вест ја потврди неговото семејство, а се огласија и членовите на групата која се прослави со хитовите „Reach“ и „Bring it all back“.

„Со голема тага ве информираме дека Пол почина. Нема зборови со кои може да се опише нашата тага. Благодарни сме што го имавме и што заедно со него направивме прекрасни спомени“, се вели во официјалното соопштение.

Причината за смртта се’ уште не е официјално објавена.

Катермол беше пронајден без знаци на живот во семејниот дом дома во Дорсет. Сепак, надлежните нагласија дека тој не починал под сомнителни околности.

Следни Објави

Нови детали за починатиот Андреј: Девојка му го чекала на вечера, го пронашле распарчен во шума

Полицијата објави страшно сценарио Италијанец кој џогирал во шума во областа Трентино е пронајден распарчен, а се претпоставува дека го растргнале мечки. Андреј Папи (26) последен пат бил е виден жив на петти април пред да замине да џогира во Вал ди Соле. Неговиот осакатен труп е пронајден во шумската […]