fbpx

Естрадата во шок! Прерано! Почина познатата хрватска пејачка

Турбулентен живот кој прерано заврши

Старлетата и пејачка Морена Марјановиќ, која се прослави во реалното шоу „Парови“, почина на 36-годишна возраст по тешка битка со леукемијата. Смртта на ѕвездата ја потврди и нејзиниот поранешен сопруг.

Во регионални рамки Морена се прослави и по учеството во хрватската верзија на реалното шоу „Ја менувам сопругата“, а со бурниот живот и односите кои ги имаше во семејството секојдневно го инспирираше жолтиот печат.

Откако го напушти шоуто „Парови“, Морена се најде во центарот на вниманието поради физичка пресметка со сопругот кој го изневери со Александар Чабаркап, жестоко момче од српскиот асфалт како што го опишуваа медиумите.

„Мојата сопруга, која во Босна се обиде да ме убие, отиде чекор понатаму, па упадна во мојот дом. Ми ги украде сите скапи работи, парфеми, доверливи документи од компанијата и 4.000 евра. Додека ме ограбувала, полицијците само немо ја надгледувале. Затоа и тие ќе одговараат. Сè е искршено, страшно е тоа што се случи. За време на инцидентот јас бев во притвор, бидејќи нејзината мајка лажно ме пријави за закани. Полицијата направи сериозна грешка, а со моите адвокати покренав процес против нив и Морена“, сведочеше тогаш нејзиниот сопруг.

Морена сето ова го демантираше.

Следни Објави

Малечката лавица не издржа: Почина Ивана

Нејзината прерана смрт лани ги потресе граѓаните во цел регион По тешка борба со карцином, пред точно една година (18 април 2022 година) почина малата Ивана Бјелогрлиќ, девојчето кое јавноста го запозна како Ица Лавица и за кое се собираа донации во целиот регион. Нејзината борба со тешката болест траеше […]