fbpx

Лани останав сирак, годинава останав ерген: Џамбазов се отвори, еве што си посакува

Игор Џамбазов максимално ѝ се посвети на работата откако неодамна стави крај на љубовта со нашата врвна алпинистка Илина Арсова.

Во своето последно интервју, легендарниот актер и шоумен откри дека разидувањето едноставно морало да се случи, а дека за тоа биле свесни и двајцата.

„На третиот ден од нашата врска таа ми кажа дека тоа ѝ е последната желба, да оди во Америка и таму да работи. И некако короната сето тоа го одложуваше, го забавуваше.. Кога короната заврши, ѝ го купив куферот и си замина“, раскажа тој за „Бекстејџ“.

Призна дека не му е лесно, но и нагласи дека, сепак, како возрасен човек научил да се справува со болката.

Џамбазов сега повторно се огласи на социјалните мрежи, а неговата објава само на „Фејсбук“ собра преку пет илјади лајкови.

Во негов препознатлив стил и мошне духовито, нели!?

Следни Објави

Ова боли! Сузе неутешна по неговата смрт

Денешниот ден е особено тажен за познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева му посвети емотивен статус на прерано починатиот брат. „Едно братче на Небото денес слави роденден. Панде. Среќен роденден на сите родени на 19-ти април“, напиша таа под колажот фотографии што ги објави на „Фејсбук“. Турунџиева го негува […]