fbpx

Спијат во една соба по десет души за пусти пари: Статус за нашите иселеници од кој навираат солзи

Напуштаат своја плодна земја за да садат и берат плодови во Италија, речиси цела источна Македонија.

Спијат на купче во една соба и по десет души, а имале своја соба дома. Земјата запустена, понекој повозрасен земјоделец ја обработува сo тага во очите, мислејќи за иселените деца.

Напуштаат свои станови, ги продаваат и се населуваат по западни држави, плаќаат солени рати за нов стан, плаќаат големи даноци, ја мразат сопствената земја, забораваат на детството, спомените, животот.

По пусти пари. За пусти пари. Со надеж дека децата утре ќе бидат Германци, Канаѓани, Данци, Американци,… Целиот живот ќе го жртвуваат бегајќи од сиромашната земја, која ниту била со неплодна почва, енергетски ресурси, ниту била пренаселена како Бангладеш.

Малку е потребно, свест и совест, да се дигне оваа забит. Лоповите не дозволија инфраструктура, земјоделство, енергетика, стопанство…

Треба да се тргнат лоповите од плодната земја, нема потреба сите до еден да си одиме.

Фејсбук-статус на Ана Глигорова

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Три титули за убавина на светски избор: Која е новата секртарка на ЛДП во Карпош?

„Почитувани пријатели, на моја огромна чест и задоволство, од денес сум именувана за нова генерална секретарка на ЛДП Карпош!“ Со овие зборови на своите следбеници на социјалните мрежи им се обрати Билјана Јаневска. „Почнав со голем кикс за локалните избори, но ЛДП како прогресивна и транспарентна партија ми даде шанса […]