fbpx

Неочекуван потег на Коста Кецмановиќ: Лекарите се во шок

Коста Кецмановиќ, 13-годишното момче кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кога уби девет ученици и чуварот на училиштето, е сместен на опсервација и психијатриско лекување.

Како што дознава српска „Република“, откако бил примен во здравствената установа, неколку пати го менувал однесувањето, но она што го побарал вчера ги оставило лекарите во шок.

Имено, Коста К. побарал да дојде некој да му ја скрати косата.

-Само одеднаш им се обрати и им рече: „Викнете некој да ми ја скрати косата! Не ми се допаѓа како изгледам“. Сите беа шокирани, открива добро информиран извор.

Како што пишувавме претходно, момчето прво покажало присебност во институцијата и тоа расположение траело повеќе од еден месец. Не покажувал знаци на каење и најчесто прашувал кога ќе може да го користи компјутерот и да игра игри.

Сепак, пред неколку дена го променил расположението и станал далеку понервозен. Се’ почесто поставувал прашања поврзани со неговото ослободување.

„Последните денови почнал бурно да реагира за мали, речиси безначајни причини, па дури и без причина. Нервоза покажувал со зборови и движења, се’ почесто со прашања и барања, но поврзани исклучиво со него и неговата удобност. Не го интересирале луѓето од надворешниот свет! Неговата нервоза не била поврзана со каење за масовното убиство. Се интересирал само за себе“, вели изворот.

Следни Објави

Атрактивни и фатални: Ова се трите најпривлечни хороскопски знаци

Едноставно не можете да не ги забележите Астролозите се едногласни на оваа тема. Припадниците на следните три хороскопски знаци се најпривлечни. Дали и вие се согласувате? Шкорпија Сите се запознаени со нивната храброст, но и заводливост. Едноставно умеат да ги истакнат своите атрибути и за околината се неодоливо привлечни. Лав […]