fbpx

Четириесет дена од масовното убиство во „Рибникар“: Коста е опседнат само со една работа

Поминаа 40 дена од невиденото злосторство кое ја зави во црно цела Србија, а семејствата на жртвите и понатаму бараат одговори.

Според последните информации на српски „Курир“, родителите на убиените и повредени ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар подготвуваат тужби против таткото и мајката на осомниченото момче (13) кое на трети мај го изврши масакрот во ова белградско училиште. Според добро упатен извор, родителите на настраданите веќе ангажирале адвокати кои подготвуваат приватни тужби.

И по 40 дена од злосторството, осомничениот убиец Коста Кецманивиќ е смирен и не покажува никакво каење за делото, тврди извор од психијатриската клиника кадешто е сместен.

Неодамна повеќе медиуми објавија дека Коста на лекарите детално им раскажувал за Гебелс и неговите „генијални“ методи, дури спомнал и дека бил навредуван од Евреи. Велат дека бил опседнат со Адолф Хитлер!

„Јас сум новиот фирер, ќе го обединам светот“, им рекол Коста на лекарите кои останале со подоотворена уста, на кои дури им рекол дека Евреите страшно го навредувале, но не можел да објасни како, кога и каде се случило тоа!

Според последните сознанија, при претресот на станот во кој живеел Коста, во неговата соба биле пронајдени бројни книги и скрипти со нацистичка литература. Родителите, пак, тврдат дека не знаат ништо за тоа!?

Следни Објави

Нашата Славица е во полуфинале: Која е младата струмичанка која е сè поблиску до победа?

Славица Ангелова се пласира во полуфиналето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Младата струмичанка е се’ поблиску до триумф откако вечерва со својот глас и изведба уште еднаш покажа како се пее и докажа дека вреди да се најде меѓу најдобрите на ова натпреварување. Ангелова има искуство на оваа […]