fbpx

Еден месец од трагедијата во „Рибникар“: Коста бил опседнат со ОВА, на лекарите им признал сè

Измина точно еден месец откако 13-годишниот Коста Кецмановиќ изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Десет семејства останаа без своите најблиски. Родителите на децата кои учеа во ОУ „Владислав Рибникар“ никогаш повеќе нема да ги видат своите ќерки и синови.

Како и зошто се случи ова, истрагата засега малку објаснува.

И по еден месец од злосторството, осомничениот убиец е смирен и не покажува никакво каење за делото, тврди извор од психијатриската клиника кадешто е сместен.

Неодамна повеќе медиуми објавија дека Коста на лекарите детално им раскажувал за Гебелс и неговите „генијални“ методи, дури спомнал и дека бил навредуван од Евреи. Велат дека бил опседнат со Адолф Хитлер!

„Јас сум новиот фирер, ќе го обединам светот“, им рекол Коста на лекарите кои останале со подоотворена уста, на кои дури им рекол дека Евреите страшно го навредувале, но не можел да објасни како, кога и каде се случило тоа!

Според последните сознанија, при претресот на станот во кој живеел Коста, во неговата соба биле пронајдени бројни книги и скрипти со нацистичка литература. Родителите, пак, тврдат дека не знаат ништо за тоа!?

Во меѓувреме беше вештачен мобилниот телефон на Коста и истиот крие мрачни тајни.

Што конкретно правел осомниченото момче-убиец пред да го изврши злосторството, можете да прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Денеска е голем и тежок ден: Само ОВА е лек за душата и телото!

Православните христијани на трети јуни го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу […]