Коста Кецмановиќ на трети мај годинава оцрни десет семејства кога изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, при што уби девет негови врсници и чуварот на школото.
Јавноста веќе три месеци бара одговори на злосторството какво што не се памети на овие простори, а од ден на ден излегуваат нови пикантерии за животот на момчето-убиец.
Она што е особено шокантно е фактот што по крвавиот пир Кецмановиќ доби голем број следбеници и обожаватели кои го величаат неговиот карактер, го поддржуваат, а за неговиот 14-ти роденден дури му испратија подароци и честитки.
Сега на социјалните мрежи се појави фотографија која ја објави една корисничка и која тврди дека е девојка на Коста.
На сликата дечко и девојка се цврсто прегрнати, додека во позадина свири песната на Били Ајлиш „I love you“, а под неа осамна натписот: „Ми недостигаш!“.
Не може со сигурност да се каже дека се работи за Кецмановиќ, ниту дека навистина на фотографијата е девојката која тврди дека е негова понежна половина. Но, факт е дека таа го поддржува Коста, како што самата вели, многу ѝ недостига, а дали навистина му била емотивна партнерка допрва ќе се истражува.
Пред само две недели, друга девојка на социјалната мрежа „Тик Ток“ тврдеше дека со Коста очекуваат бебе.