fbpx

Вера има 74 години, сите се уверени дека има 30: Еве како е можно (ФОТО)

Модната дизајнерка Вера Ванг сака да се фали со својот изглед. Со задоволство споделува фотографии на социјалните мрежи на кои е со откриен стомак или со разголени нозе.

Таа во јуни го прослави 74-тиот роденден, а фановите уште еднаш останаа со подоотворена уста поради нејзиниот младешки изглед.

„На улица без проблем би ја помешале со некоја 30-годишна. Навистина е нереална“, коментираат тие.

Вера во една прилика порача дека нема тајна, туку „многу работа, добар сон, коктел со вотка и избегнување на сонцето“.

Дизајнерката повремено објавува и фотографии на кои јасно се гледа дека не се воздржува од „нездрави“ оброци како пица или крофни, а во 2016 година за „Ин Стајл“ раскажа дека најчесто појадува омлет со мал тост со сланина, за ручек мора да има многу зеленчук и домашна кинеска храна за вечера.

„Никогаш не ги прескокнувам оброците, потребна ми е храна за мозокот да ми функционира“, изјави Ванг.

Пред неколку години престанала да консумира сокови и вели дека од тоа ѝ било најтешко да се откаже.

Во интервју за „Харперс Базар“, пак, откри дека легнува на полноќ и се буди во осум, а дека за викенди задолжително спие по десет часа.

Што се однесува до физичката активност, тврди дека не сака да вежба, иако повремено објавува слики од теретаната во својот дом. Во младоста била сериозно посветена на уметничкото лизгање.

Следни Објави

Ѕвездата од омилените серии почина во сон: Беше во брак со еден од најбогатите мажи

На 76-годишна возраст почина познатата актерка Џој Чемберс Гранди. Глумеше во неколку мегапопуларни сапуници, а публиката најмногу ја памети како Рита во „Немирни години“, д-р Робин Портер во „Младите лекари“ и како Розмари Даниелс во „Соседи“. Втората сопруга на покојниот австралиски мултимилионер и ТВ-магнатот Рег Гранди, починала во сон во […]