fbpx

Никој не дојде да ги погреба Славица и нејзиниот син: Таа почина од рак, а тој 15 дена подоцна од глад

„Го допревме дното“, порача Драгослав Шиник, хуманитарец од Бања Лука, по погребот на неодамна починатите мајка и син.

Тој за босанските медиуми изјави дека тешко болната жена и нејзиното чедо кое имало пречки во развојот починале заборавени од сите.

„Денеска напладне ги погребавме Славица Илиќ и нејзиниот син Жељко. Славица боледуваше од рак и се претпоставува дека лежела мртва во семејната куќа најмалку 15 дена. Неколку дена, Жељко, кој од раѓање имаше пречки во развојот, страдал покрај својата мртва мајка, гладен и жеден, додека и тој не испушти душа“, им изјави Шиник на локалните медиуми.

„На погребот освен јас и работниците на Градските гробишта во Бања Лука немаше никој. Немаше ниту погреб, бидејќи, како што рекоа, нема докази дека се крстени. Бања Лука, срам да ви е!“, порача тој.

Тамошната полиција соопшти дека по обдукцијата на двете тела кои беа пронајдени на 12 септември во семејната куќа во населбата Росуље, било утврдено дека нема елементи на кривично дело.

Следни Објави

Најубавиот Арап на светот зеде мажествена жена: Неочекуван пресврт, еве каде е денес

Тој беше прогласен за најубав Арап на светот, но дури по неверојатната ситуација што му се случи во Саудиска Арабија Омар Буркан Гала е ирачки модел, актер и фотограф кој поради необичен скандал пред десет години се прослави ширум светот. Имено, неговата убавина беше толку волшебна, што токму поради неговиот […]