fbpx

Луна конечно на операција во Истанбул

Посакуваме успешна операција и брзо закрепнување

Луна Поп-Костова, храбрата гевгеличанка за која хуманите луѓе донираа средства, конечно отпатува за Истанбул на договорената операција во приватната клиника „Аџибадем“.

„За неколку часа заминуваме за Турција. Бог нека ми ја чува Луна и да ѝ ја даде потребната сила да ги издржи и двете операции кои ја чекаат, а исто и мене сила да издржам додека таа биде во рацете на докторите од кои зависи нејзиниот живот“, напиша нејзината мајка Елена на социјалните мрежи, инаку мајка на пет деца, а Луна е близначка.

Луна боледува од спастична церебрална парализа, а во последните неколку години се бори и со сколиоза во последен стадиум, болест што е животно загрозувачка.

За зафатот кој претстои беа потребни 80.000 евра.

Следни Објави

Убиен познатиот филмски режисер: Ќерката го пронашла избоден по вратот покрај телото на сопругата

Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга биле избодени до смрт од непознати напаѓачи во куќата во која живееле, јавија денеска државните медиуми. Официјалната новинска агенција ИРНА го цитираше официјалниот претставник на иранското правосудство Хосеин Фазели кој изјавил дека Мехрјуи и неговата сопруга Вахидех Мохамадифар биле пронајдени мртви […]