fbpx

Почина омилениот негувател во скопска Зоолошка: Љубовта со жирафите му беше сè

На 44-годишна возраст почина Ристе Трајковски, омилениот негувател во скопската зоолошка градина.

Тажната вест се прошири на социјалните мрежи каде неговите блиски роднини и пријатели, но и оние кои ја почитуваа неговата работа, се простуваат со потресни зборови.

Во Зоо Скопје работеше од 2002 година. На почетокот со копитари на првиот реон, потоа со диви ѕверови, а од 2012 година стана зоо негувател на жирафите со кои имаше изградено специјална врска за која пишуваше и британскиот „Дејли стар“.

Во едно свое интервју откри дека неговиот татко, кој исто така работел во Зоолошка цели 38 години, бил инспирација светски познатата писателка Астрид Линдгрен да ја напише познатата книга за деца „Марко од Југославија“. Драги почина во 2012 година, па и неговата сестра Маја почна да работи во Зоолошката градина на местото на татка си.

Следни Објави

Свештеник (33) загина во сообраќајка: Со него биле и трите ќерки (ФОТО)

Немања Величковиќ (33), свештеник на Браничевската епархија, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата околу 18:50 часот во градот Ботуње, на државниот пат од Баточина кон Крагуевац. Тој бил зад воланот на еден од автомобилите кои учествувале во страшниот верижен судир. Починал на лице место. Со него […]