fbpx

Страшни цени пред Велигден во Грција: Апартман поскап од хотел, еве колку ќе платите за гиро

Се чини дека Грција ќе биде дестинација за многу македонски граѓани за време на Велигден, а новинарите на српски „Блиц“ посетија едно од местата во близина на Солун, кое исто така излегува на море и дознаа какви се цените во претсезоната.

Она што го забележале е дека приватните станови поскапеле, што значи дека хотелите сега вредат повеќе.

Во Грција во последно време е забележана повисока стапка на раст на цените, речиси највисока во последните две децении, па тој тренд го следат и цените на храната.

На пример, во некогашно мало рибарско село, кое сега е топ дестинација поради близината до Солун, гирото е веќе четири евра, но доколку ви го послужат како оброк во чинија, со прилози и без тортиља, ќе ве чини седум евра, што е околу 200 денари повеќе.

Аперол послужен на плажа чини 8,5 евра, додека „фредо капучино“ чини 5 евра. Пивото е 4,5 евра (мало), додека цените на пецивата во голема мера се исти како и минатата година.

Двокреветен стан во мирниот дел на Никити на почетокот на јуни чини 278 евра по лице, додека таа бројка се искачува до 588 евра на крајот на јули и првата недела од август. Доколку одлучите да го изнајмите целото сместување, ќе платите околу 100 евра помалку, пишува „Телеграф“.

Цените за изнајмување на студио/апартмани се и над 1.000 евра. За 10 дена на почетокот на јули треба да одвоите 920 евра, додека следниот термин е веќе 1.040 евра.

Сарти останува нешто попристапно, па цената се движи од 258 евра по лице во втората недела од јуни до 438 евра за истиот период два месеци подоцна. Во јули и август цените во Неос Мармарас одат и до 780 евра за изнајмување на цел стан.

Треба да се земе предвид и дека тоа често се цени со превоз. Што е уште поисплатливо ако не планирате да ги шетате околните плажи со вашиот автомобил.

Следни Објави

Отец Стеван открива дали да перете на празник: Верници, ова мора да го знаете

За време на црковните празници кај сите верници секогаш се наметнува истата дилема-дали ќе го навлечеме гневот на светецот чиј ден се празнува ако, на пример, нешто зашиеме или испереме. И секој што ќе го прашаме ќе ни каже дека никогаш ништо не треба да правиме на ден кој е […]