Фото: Тамара Трајковиќ/Објектив
Во „Камената сала“ на Радио Белград во тек е комеморацијата за Маринко Роквиќ.
Семејството и пријателите се собраа да му оддадат почит на легендарниот фолк-интерпретатор кој денеска ќе биде погребан.
Сопругата Славица и синовите Никола и Марко видно потресени пристигнаа во салата. Заедно седнаа во првиот ред, а на нивните лица се гледа неизмерна тага додека примаат сочуство, пишува „Објектив“.
Од колегите на Роквиќ, фоторепортерите успеаја да ги забележат Ана Бекута, Лепа Лукиќ и Снежана Ѓуришиќ.
Маринко Роквиќ почина на шести ноември на 67-годишна возраст по долго боледување.
НА ИСТАТА ТЕМА:
(ФОТО) Со синот во манастир, ослабен и едвај оди: Маринко Роквиќ пред да почине
(ФОТО) Долго не го признаваше: Маринко Роквиќ за вонбрачниот син