fbpx

Неочекуван пресврт: Маја конечно проговори за Матеј, еве што вели за кобната ноќ!

Дополнителен сомнеж по нејзината изјава

Конечно во медиумите се огласи Маја С., девојката од Сплит која според многумина ги има клучните информации за исчезнувањето на Матеј Периш, случајот кој повеќе од две недели ја бранува јавноста во целиот регион.

Во исповед за ТВ Прва таа нагласува дека најголема болка ѝ е што истрагата потврдила дека таа е последната личност која Матеј се обидел да ја добие пред да исчезне.

„Жал ми е што не се јавив, тоа ми е најголема болка од се’.. Затоа што можеби ако ме информираше дека доаѓа во Белград, би му кажала каде да одат, што да прават“, низ солзи раскажува, покажувајќи го пред јавноста и пропуштениот повик во 22:29 часот на 30-ти декември.

Медиумите постојано објавуваат нови моменти од приватниот живот на Маја. Откако беше доведена во врска со исчезнатото момче, Маја го избриша профилот на „Инстаграм“, а на „Фејсбук“ стави црна слика.

„Ги блокираше сите кои ја прашуваа за Матеј и исчезна од социјалните мрежи. Ова е помалку чудно, ако се земе в предвид дека таа и Матеј се познаваа речиси цел живот. Инаку, нејзиниот роден брат не допатува со Периш бидејќи се’ уште беше под голем стрес откако им почина другар и не беше расположен за новогодишна прослава“, раскажа извор од Сплит.

Истиот извор потврди дека Матеј како скипер бил вработен токму во фирмите на Маја која е сопственичка на две фирми за транспорт.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Драматично: Што ги поврзува Матеј Периш и исчезнатата Билјана?

Клучни моменти: Еве што се случило со Матеј ноќта кога исчезнал

Според неофицијални информации, Маја веќе дала исказ во полицијата. На српските власти им раскажала дека Матеј се занимавал со напорна работа, бил многу амбициозен и за да постигне се’ што ќе зацртал користел опијати.

Судејќи по објавите на социјалните медиуми, Маја и нејзиниот брат, инаку близок пријател на Матеј, воделе луксузен живот. Хрватскиот портал „Империјал“ наведува дека тие се внуци на шефот на сплитската УДБА кој наводно го поврзувале со убиство на емигранти.

За тешката траума која Матеј Периш ја доживеал пред неколку месеци прочитајте ОВДЕ!

Фото: Милан Илиќ/Инстаграм/Прва телевизија

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Драматично: Нови детали за кобната ноќ и последната реченица на Матеј

Со ист интензитет веќе дваесет дена трае потрагата по 27-годишниот Матеј Периш, момчето од Сплит кое исчезна во Белград. Случајот уште од почеток го следат мистерии на кои нема одговор. Едната од нив, а можеби и најважната е зошто кобната вечер Матеј излегол сам без јакна од клубот во кој […]