fbpx

Ја изгладнувал, па ја тепал со ремен: Ова е таткото-монструм во Скопје

Повеќе од половина година, татко ја тепал и ја малтретирал својата ќерка во нивниот дом во Скопје.

Основното јавно обвинителство поведе постапка против 45-годишен државјанин на Босна и Херцеговина со привремен престој во Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело-Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од септември 2022 до 28 март годинава, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, осомничениот ја запуштил и ја малтретирал сопствената ќерка. Како татко и единствен родител со кој живеело детето родено во 2008 година, тој редовно патувајќи во странство ја оставал својата ќерка сама, без соодветна родителска грижа и без обезбедена храна и хигиена во домот.

Кога ќе се врател од своите патувања, тој вршел психичко и физичко насилство врз детето, користејќи каиш и удирање како средство за нејзино воспитување, а во една прилика се обидел да ја прободе со нож. Осомничениот ја вработил 14-годишната ќерка во слаткарница за време на викенди, а остварениот приход ѝ го земал за да ги надомести сопствените долгови.

На 22 март девојчето се разболело само дома и не отишло на училиште, а осомничениот и се јавил од странство и ѝ се заканил дека кога ќе се врати ќе ја претепа затоа што отсуствува. Ваквото однесување, кај жртвата прдизвикало постојан страв и стрес, како и чувство на напуштеност и на отсуство на родителска грижа.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности укажуваат на тоа дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Следни Објави

Трајче, ти благодариме за сè: Тажен ден во Македонија, почина ненадејно

На 70-годишна возраст ненадејно почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ. Черепналковски беше нераскинлив дел и од историјата на македонското пливање. Долги години беше Претседател на Пливачкиот сојуз на Македонија, едно време и на Пливачкиот сојуз на Југословија. „Останува во нашите сеќавања како добар човек, кој искрено и […]