fbpx

Трајче, ти благодариме за сè: Тажен ден во Македонија, почина ненадејно

На 70-годишна возраст ненадејно почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ.

Черепналковски беше нераскинлив дел и од историјата на македонското пливање. Долги години беше Претседател на Пливачкиот сојуз на Македонија, едно време и на Пливачкиот сојуз на Југословија.

„Останува во нашите сеќавања како добар човек, кој искрено и несебично го помагаше пливачкиот сојуз на Македонија, беше вљубеник во пливањето и спортот воопшто. Трајче, ти благодариме за се’, нека ти е светол патот и почивај во мир“, напишаа од Националната пливачка федерација.

Черепналковски ќе остане запаметен како исклучително скромен и ведар лидер кој несебично се залагаше за својот колектив. Беше човек кој неуморно се залагаше да помогне кога е најпотребно, велат оние што вистински го познаваа.

Освен како управител во НЕОТЕЛ, беше постојан член на Одборот на директори на АД НЕОКОМ. Својата богата професионална кариера ја започнува во енергетскиот сектор во Електростопанство на Македонија (ЕСМ) и воедно беше првиот генерален директор на Оператор на електропреносен систем на Република Македонија (АД МЕПСО).

Погребот ќе се одржи во сабота 8 април, во капела од 12:00 до 13:00, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Следни Објави

„Помош! Некој ме избоде“: Милијардерот искрвари среде улица, залудно молеше..

Надзорните камери ги снимија последните моменти на 43-годишниот Боб Ли, основачот на апликацијата Кеш вредна повеќе милијарди долари, кој беше брутално избоден во Сан Франциско и оставен да умре. На видеото се гледа како таткото на две деца очајно ги стега раните и ги моли минувачите за помош. Во еден […]