Почина Пол Катермол, еден од основачите на британскиот поп-бенд „S club 7“. Имаше само 46 години.
Тажната вест ја потврди неговото семејство, а се огласија и членовите на групата која се прослави со хитовите „Reach“ и „Bring it all back“.
„Со голема тага ве информираме дека Пол почина. Нема зборови со кои може да се опише нашата тага. Благодарни сме што го имавме и што заедно со него направивме прекрасни спомени“, се вели во официјалното соопштение.
Причината за смртта се’ уште не е официјално објавена.
Катермол беше пронајден без знаци на живот во семејниот дом дома во Дорсет. Сепак, надлежните нагласија дека тој не починал под сомнителни околности.