Тиктокерката Ноа Миливојев (18) е убиена на свиреп и ужасен начин, откако монструмот ја распарчи и ѝ ги спакува деловите од телото во кутии и торби.
Нејзиното тело е изобличено до непрепознатливост, а за ова монструозно злосторство е осомничен 33-годишен маж кој наводно делото го извршил во стан во строгиот центар на Белград.
Осомничениот денеска беше на распит во Вишото јавно обвинителство, а негов пријател не ја крие шокираноста од ваквата вест и открива дека осомничениот делувал повлечено откако доживеал сообраќајна несреќа, поради која и ден денес носи патерици.
„Тој е од мало гратче во близина на Белград. Имаше сообраќајна несреќа во средно училиште и оттогаш се движи со патерици. Беше многу повлечен, ретко се дружеше со нас, воопшто не излегуваше. Користеше многу наркотици, се’ и сешто, а беше и на лекови. Секогаш флертуваше и беше со девојки многу помлади од себе“, раскажува пријателот.
Тој открива дека подоцна осомничениот се преселил во центарот на градот и почнал да работи со компјутери.
„Го познавам и неговото семејство, сите се супер и со сите беше во одлични односи. Неговиот постар брат работи во војска. Луѓе на место. Многу го поремети сообраќајката, кога падна од тракторот во шумата, но одамна не сме во контакт, а слушнав дека во меѓувреме завршил и во психијатриска болница“, вели тој за „Телеграф“.
Инаку, осомничениот се товари за кривично дело-тешко убиство, за кое е предвидена доживотна казна затвор.