Дури 140.000 жени годишно ја губат битката со рак на јајници, дефинитивно најсмртоносниот канцер за жените. Станува збор за тешка и сериозна болест, за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети.
Овој рак нема рани симптоми, и кога ќе се појави тие се многу неспецифични и врзани главно за дигестивниот и уринарниот тракт.
Редовните гинеколошки прегледи се единствената работа којашто мора да ја практикувате за да се заштитите. Најчесто заболуваат постари жени, иако болеста е сѐ поприсутна и кај помладата популација.
СИМПТОМИ
– Надуеност, потекување на стомакот, нагло здебелување
– Болка во предниот дел на карлицата и чувство на притисок во стомакот
– Чувство на ситост веднаш по започнатиот оброк
– Често и нагло мокрење
– Болка за време на сексуалниот однос
– Запек
Навременото откривање на ракот на јајници е проблем со кој се соочуваат експерти низ целиот свет. За оваа болест не постои адекватен скрининг.
ФАКТИ
– Сите жени се загрозени!
– Симптомите постојат, но може да се измешаат со симптоми кои ги носат други, помалку опасни болести
– Свеста за симптомите на болеста може да ви го спаси животот
– Денеска е можно генетско тестирање на BRCAm мутираните гени на ракот на јајници. Важно е да се знае BRCAm статусот на жената!
– Ракот на јајници најчесто се дигајностицира во доцна фаза