Една жена направи вистински хаос на интернет, кога на својот профил на „Твитер“ објави дека го изневерува сопругот со неговиот шеф.
Она што изненади многумина е што таа не само што нема грижа на совест, туку и тврди дека нејзината прељуба имала неверојатно големо и позитивно влијание на нивниот брак.
„Веќе три години спијам со шефот на маж ми. Благодарение на нашиот однос, мојот сопруг неколку пати беше унапреден. Неговиот статус и тоа што постојано е на службени патувања, ми овозможува и понатаму да го изневерувам, а тој постојано да добива бонуси за прекувремено работење. Мисли дека е многу вреден и е пресреќен што напредува во кариерата, а всушност благодарение на мојот однос со шефот е таму каде што е“, раскажува таа.
Коментарите на јавноста се поделени. Некои ја осудуваат оваа жена, но има и такви кои иронично ја нарекуваат „добрата вила“. Трети, пак, се уверени дека мажот знае се’, но дека му е сеедно бидејќи има корист.
Што мислите вие, дали таа навистина е во право? Вашите одговори ги чекаме во коментар.