Феномени што можете да ги видите деновиве на небото и да ве доведат во заблуда
За време на овие денови на пандемија многумина сме приморани да седиме дома во карантин. Исто така, овие денови кога е убаво времето, многумина излегуваме на тераси, или во двор (ако го имаме), и доколку седењето надвор го продолжиме до вечерните часови, почнуваме да се занимаваме со одамна заборавената човечка активност – набљудување на небото и небесните објекти. Но, живееме во модерна технолошка ера, па така на небото немаме само небесни природни објекти, туку и вештачки, од човек направени објекти, кои ги поставуваме во таканаречена ниска орбита (од некои си 300-400 километри над нашите глави), и кои ни служат за разни работи долу на Земјата.
Овие денови се актуелни прашањата за „чудни“ објекти кои се движат по небото, па порталот „Астрономија.мк“ се обиде да ни ги појасни мистериите (до колку сме ги имале).
Прво е планетата Венера. Овие денови се наоѓа на запад кога ќе се стемни и како заоѓа оди во правец север. Со својот исклучително голем сјај ги збунува луѓето. Венера е после Сонце и месечина нешто најсјајно на небото и може дури да се види дури и во денот ако знаете нејзина точна локација. Во народ е позната како ѕвезда Деница или Вечерница затоа што навестуваат доаѓање на денот или вечерта. Исто така над 50% од пријавувани НЛО се должи на погрешно интерпретирање на набљудување на Венера или просто незнаењето.
Целиот текст прочитајте го на Астрономија.мк