На денешен ден, на 26 април пред 110 години е роден доајенот на босанската книжевност, маестралниот Меша Селимовиќ. Негово најзначајно дело е романот „Дервишот и смртта“ кој критиката го прогласи за книга за сите времиња. Меѓу другото и поради вонвременскиот концепт – стапицата во која се фаќаме поради неизбежното губење на човековите вредности во едни апсурдни општествени тирании.
Во продолжение ви ги пренесуваме инспиративни цитати на Селимовиќ:
„Човекот се навикнува на секаква смрдеа“
„Кога ми е тешко, бегам во самотија. Кога ми е уште потешко, барам добри луѓе“
„Најголемата мудрост во животот е човек да ја пронајде вистинската лудост“
„Знаеш што е најубаво во животот? Желбата, пријателе“.
„Одмаздата е како пијанство – никогаш не е доволна“
„Солзи ми течат од смеење. Ако престанам да се смеам, ќе останат само солзи“
„На секој ќе му го признам правото да ме измами, освен на пријателот“
„Постојат повеќе добри луѓе во светот отколку лоши. Многу повеќе! Само лошите надалеку се слушаат и потешко се доживуваат. Добрите молчат“
„Се плашиш од овнови, се плашиш од го*на, а кога ќе живееш?“