fbpx

Живее филмски во Париз: Која е македонската муза од Струмица?

Откако со нејзиниот животен партнер Константин Плевнеш (син на драмскиот писател и дипломат Јордан Плевнеш) гостуваше во ТВ-шоуто „Живот со стил“, јавноста не престана да зборува за Марија Пијанманов.  

Марија е родена Струмичанка. Еден период работела како новинарка во весникот „Нова Македонија“, во една фаза била и манекенка, а сакала да стане докторка. Нејзиниот покоен татко (дописник на МРТ) имаше француско име, Жан Пијанманов, па како што самата кажа некако и судбински животот ја однел во Париз.

А во Градот на светлината живее филмски. На висока нога. Има личен шофер, се движи во елитни кругови, не пати по брендови, но во својот плакар има завидна колекција од луксузни парчиња.

– Со сопругот во Париз сме препознатлив пар. Омилени гости сме во најпопуларните локали каде уживаме во француски специјалитети и коктели. Во луксузниот Лавени сме препознатливи и редовни гости и имаме најубави париски моменти – се пофали Марија во едно друго интервју.

Нејзиниот сопруг е режисер, школуван на престижни универзитети, а сега максимално посветен на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА кој го основа неговиот татко.

Следни Објави

Во Македонија досега починаа двојно повеќе мажи: Зошто е тоа така?

Во Македонија досега се регистрирани 65 смртни случаи, од кои 46 се мажи, а само 19 жени. И покрај тоа што во нашата земја има повеќе заболени жени од Ковид-19, смртноста е поголема кај мажите. Но, тоа не е само кај нас. И според наводите на Светската здравствена организација, мажите […]