Дечки, фала ви многу. Успеавме да ја најдеме мајка ми, добра е, дома е, напиша на „Фејсбук“ докажаната актерка и пејачка Тања Кочовска, откако претходно на социјалните мрежи побара помош од граѓаните.
– Дечки, ова е мајка ми Невенка Кочовска која боледува од алцхајмерова болест и од дома е излезена сабајле во 9:30 и сѐ уште не е вратена. Пред два часа е видена кај фонтаната во Градски парк. Доколку ја видите или добиете некаква информација, пишете ми во инбокс или јавете ми се на бројот: 075/407-473 – напиша таа пред два часа.
Невенка е докажана интерпретаторка, пејачка на легендарните „Мањифико“, состав кој пред три години доби награда за животно дело на „Златна бубамара на популарноста“.