Со шест новозаразени, многумина денеска се прашуваа дали Велес е новото жариште на Ковид-19. И додека поголемиот дел од граѓаните ги почитуваат мерките против ширењето на коронавирусот, ромска веселба со дваесетина луѓе цел ден се одвивала во Велес, информира порталот „Батали.нет“.
Попладнево, поворката од веселбата поминала низ повеќе велешки улици од левата страна на градот, кај Потокот и кај Црна Џамија. И на видеото е забележливо дека никој од нив не носи заштитни маски, ниту пак се почитува дистанцата помеѓу луѓето.
Нема информација дали полицијата интервенирала, пишува „Батали.нет“.
Видео објави и порталот Велес денес: