fbpx

Филипче: Ќе побараме продолжување на вонредната состојба

Утре треба да се одржи состанок на Советот за безбедност. Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба од повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплемантацијата на вакви препораки и во периодот кој што следи, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој не прецизираше дали ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба за нови 30 денови или помалку.

-Потребно ни е да се продолжи вонредната состојба затоа што дел од мерките важат само за време на вонредна состојба. Многу е битно тие да важат и натаму. Многу е битно да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми, во однос на рестрикција на движење, уредбите кои важат и така натаму. Потребни ни се инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести ќе можат да се имплементираат преку Владата – рече тој.

Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски истекува во сабота. 

Следни Објави

Врски со мафијата, многу жени и алкохол: Бурниот живот на Синатра

Во Лос Анџелес 1998 година светот се прости со легендарниот американски пејач и актер Френк Синатра. Она што сѐ уште предизвикува полемики е неговиот бурен живот позади камерите. Четири сопруги, три признаени и едно непризнаено дете, многу пријатели од другата страна на законот.. Неговите љубовни афери, проблемите со алкохолот и […]