Министерот за безбедност на Индонезија, Мохамед Махфуд, новиот коронавирус го спореди со жените.
– Пред некој ден добив порака од пријател, која гласеше: Короната е како твојата сопруга. Прво се обидуваш да ја контролираш, потоа сфаќаш дека не функционира тоа. И тогаш ќе се научиш да живееш со нејзе – изјави Махфуд.
Неговата изјава наиде на жестоки реакции од активисти и други Индонезијци.
Владата на Индонезија планира да ги укине карантинските мерки во некои делови од земјата и да се подготви за, како што е наведено, „новата нормалност“.
– Дали ќе останеме затворени засекогаш? Можеме да се прилагодиме на ситуацијата и истовремено да се грижиме за нашето здравје – истакна Махфуд.
Во Индонезија се регистрирани 24.538 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 1.496 починале.