fbpx

Нов рапиден раст на заболени во Скопје, кластери и во фирми

Над сто нови случаи на заболени со коронавирусот се регистрирани во изминатово деноноќие до сега, брифираат извори за ТВ 24 од Центарот за јавно здравје – Скопје. Само во главниот град досега се отркиени 115 новозаболени, а откриени се и нови кластери и тоа во фирми.

Позитивните и заболените лица се анкетираат и се откриваат нивните блиски контакти, се прават анкети за сите и се пријавуваат истите до Државниот здравствен и санитарен инспекторат, кој пак изготвува решение за самоизолација, односно 14 дена.

Оние кои се позитивни без симптоми се оставаат во самоизолација во својот дом, додека оние позитивни со симптоми во зависност од тежината на клиничката слика се ставаат на домашно лекување или се хоспитализираат на Инфективната клиника или во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Податоците сѐ уште се прибираат и официјалната бројка треба да ја соопшти Министерството за здравство во текот на денов.

На Клиниката за гинекологија пак 17 лица од медицинскиот персонал се во изолација откако родилка се потврди дека е позитивна на вирусот а криела податоци во епидемиолошката анкета.

Во моментов на гинеколошката клиника има две пациентки кај кои е потврден вирусот. Тие се породени и се изолирани во посебен дел на клиниката, потврдува директорката на клиниката за ТВ24. Породените пациентки кај кои што е потврден вирусот понатаму се праќаат или на Инфективната клиника или пак дома, во зависност од симптомите кои ги имаат, вели д-р Јовановска од гинеколошката Клиника.

Според податоците на здравствените власти, досега во земјава над 3.000 лица заболеа со коронавирусот, а над сто починаа.

Следни Објави

Ова не смее да ни се случува: Филипче првпат повиши тон!

Министерот за здравство Венко Филипче денеска првпат повиши тон на прес-конференција осудувајќи ги луѓето кои особено изминатиов период во некои региони и средини не сакаат да соработуваат и споделуваат неточни нформации. – Не може да ставаме ние здравствени работници во изолација и да не одат на работа сега кога најмногу […]