Израелскиот институт за биолошки истражувања објави дека е завршена фазата на развој на антитело што би било ефективно во неутрализирање на SARS-Cov-2. Луѓе од тамошното министерство за одбрана го потврдија развојот на она што може да стане првиот противотров на Ковид-19.
– Сега противотровот преминува од фазата на развој во фазата на прифаќање на фармацевтските компании, што ќе овозможи масовно да се произведува и комерцијализира – информираат тие.
Научниот развој би бил направен на база на неколку протеини кои се штетни за човечкото тело и веќе е тестирано кај пациенти кои се ризични случаи на коронавирус.