Лезии во усната празнина имале дури 29 отсто од пациентите позитивни на Ковид-19 во најновото истражување направено во Мадрид, пишува специјализираниот медицински магазин „Амама дерматологија“.
„Си Ен Ен“ информира дека некои пациенти развиле емантема 24 дена по почетокот на симптомите, додека пак други дури 19 дена подоцна.
Експертите тврдат оти нивните наоди продолжуваат да укажуваат на тоа дека осипот во устата е можен симптом на Ковид-19 и дека не е резултат на реакцијата од лековите.