Ѕвездата од турската хит-серија „Вљубениот ерген“, турскиот актер Бариш Ардуч, вчера во Бодрум се ожени со својата долгогодишна девојка и колешка, актерката Гупсе Озај.
Ардуч кој македонската публика го засака по улогата на Омер и неговата избраничка се одлучија за скромна забава, а како изгледаа на овој посебен ден за нив, погледнете во продолжение.