Локалните власти во кинескиот регион Внатрешна Монголија ставиле во карантин цело село во кое еден пациент починал од „цревна чума“, објави градската здравствена комисија.
Случаите на чума не се невообичаени во Кина, но болеста се јавува поретко. Од 2009 до 2018 година Кина пријавила 26 случаи на чума и 11 смртни случаи.
Градските власти на Баоту го изолирале селото во кое живеел починатиот пациент и ги ставиле во карантин неговите блиски контакти кои во моментов се негативни на тестовите за болеста и превентивно земаат лекови.
Симптомите кои ги имал починатиот пациент биле дијареја, силна болка во стомакот и треска.