fbpx

Додека фрлавте бидермаер, Арјета гледала како 22-годишниот брат ѝ умира во „8 септември“

Откако министерството за здравство денеска ја потврди информацијата дека 22-годишниот пациент од Скопје кој почина од Ковид-19 имал Даунов синдром, новинарката Мирослава Брнс одлучи да го открие неговиот идентитет и да даде свое видување за настанот којшто ја вознемири македонската јавност.

– Смртта од Ковид за сите нас претставува статистички податок со рок на траење од еден ден. А во суштина, ако навлезеш во секој еден поединечен случај, таа претставува многу болна реалност на секоја фамилија. Многу е потажна од статистиката! Таков е и случајот со 22 годишниот човек што денеска го зеде таа одвратна ламја. Ардити се вика. Ние веќе престанавме луѓето да ги прашуваме и како се викаат починатите. Толку ја обезличивме смртта. Неговата сестра Арјета е медицинска сестра што работи во ковид-центарот во „8 Септември“, во шок соба. Арјета седела со него поголем дел од деновите. Не сакала да си оди дома. Додека вие го фрлавте бидермаерот, Арјета го гледала брата си како умира. Прашајте ги и колегите нејзини, како им било, кога се враќале дома кај нивните семејства со плачење. ,,На колешка братот е хоспитализиран, изгледа готово е”. И денеска во „8 Септември“ било многу траорно, персоналот потиштен. Не знам како немаат жал и страв некои луѓе. Па ме напаѓаат што им ги растурам ѓаволските забави – напиша Мирослава на „Фејсбук“.

Следни Објави

Ново откритие: Овие жени може да развијат тешки симптоми на корона!

На почетокот на пандемијата научниците истражуваа зошто жените заболуваат помалку од коронавирус во споредба со мажите, па имаше теорија дека ги штити естрогенот. Сега најново истражување покажа дека жените во пост-менопауза имаат значително поголем ризик да развијат тешки симптоми на корона, а сето тоа повторно се поврзува со естрогенот. Всушност, […]