Следната епидемија ќе биде онаа на хронични болести на бубрезите меѓу излекуваните пациенти од коронавирус. Од почетокот на пандемијата гледаме најголема стапка на откажување на бубрези кај пациенти во историјата. Тоа е долгорочен проблем за пациентите, но и за лекарите, вели нефрологот Стивен Кока.
Американското Здружение за нефрологија предупредува дека кај половина од пациентите со тешка клиничка слика кои биле згрижени на интензивна нега, доаѓа и до откажување на бубрезите поради што на голем процент им е потребна дијализа. Поради овој факт, експертите се едногласни дека лекувањето на овие последици ќе трае уште долго по завршувањето на пандемијата со коронавирусот.
Според здравствените податоци на САД, на 46 проценти од пациентите кои се примени во болница поради КОВИД-19, имале некаков проблем со бубрезите, а 17 проценти морале да прават дијализа. Она кое посебно го нагласуваат е дека 82 проценти од овие пациенти никогаш претходно немале здравствени проблеми со бубрезите, а кај една третина од излекуваните бубрежната функција од пред заразување со вирусот не им се вратила.