Почина македонскиот пејач Зоран Георгиев, во Белград на 77-годишна возраст.
Георгиев, инаку роден во Охрид, ќе остане запамтен по извонредниот глас и преубавата музичка класика „Еден банкеж“, со која во 1962 година победи на фестивалот во Опатија.
Во 2012 година ја доби наградата „Буба Мара“ за животно дело.