Никола Перевски-Пере, пејачот на популарниот бенд „Нокаут“ има нова сопруга и наскоро по третпат ќе стане татко.
Неговата избраничка се вика Јована Темелковска и му е поранешна девојка со која по четири години пауза лани ја возобновил љубовната врска.
– Во стиховите на темата „Сакам да живеам“ се содржани последните неколку години од мојот живот. Секој збор во нив има симболика и отсликува реални сцени од мојот живот. „Птицата во мрак“ е љубовта која слета на мојот праг во вистинскиот момент. Таа се вика Јована. Со неа почнувам нов живот со заеднички победи. Таа е љубовта која ми ја дава најголемата поддршка во работата. Наскоро ќе станеме родители на девојче. По трет пат ќе станам татко на ќерка – открива Пере во интервју за „Женски магазин“.
Токму со рефренот „Сакам да живеам“, групата „Нокаут“ викендов победи на последното издание на фестивалот „Макфест“.