fbpx

Тато, уште долго ќе живееш во нас: Се огласи ќерката на прерано починатиот Неделковски

Почина битолчанецот Златко Неделковски (60), познат мајстор на боречки вештини и спортови и основач на академијата „ЗА НЕД ДО“.

Тажната вест вчера ја објави неговата ќерка Дијана Неделковска. Таа ги повика почитувачите на ликот и делото на нејзиниот татко максимално да внимаваат кон почитувањето на препораките и протоколите на здравствените власти за превенција од ширење на коронавирусот.

– Денес е најтешкиот ден за мене и за моето семејство, но би сакала кон сите Вас да упатам апел. Не можам и не сакам да ве спречам да оддадете последна почит кон мојот татко, но ве молам – грижата за здравјето е пред се’ затоа што грижата за сопственото здравје е грижа за здравјето на сите нас што е општествена одговорност. Воедно Ви благодарам што името Златко Неделковски е на сите социјални мрежи и по сите медиуми во почит кон неговиот спортски, сега веќе историогарфски запис. Тој ќе живее уште долго во сите нас – напиша таа на „Фејсбук“.

Златко Неделковски со боречки вештини почнува да се занимава од далечната 1971 година, прво со карате пред да го совлада концептот на џит кун до, кунг фу и кик бокс.

Престојот во далечна Австралија ќе му помогне да ја совлада ЧИ енергијата, и да ја усоврши со помош на неговиот учител-Кинезот Чен. Се’ до смрта на својот учител, Неделковски не ги применува јавно своите способности со ЧИ енергијата. Подoцна започнува со демонстрации и пренесување на своето знаење на својата ќерка Дијана Неделковска.

Неделковски е носител на титулата шампион на Југославија со старокинеско оружје (1986) , шампион на Југославија во Кунг фу Бокс во категорија до 71 кг. (1988) и Европски шампион со старокинеско оружје (1992). Во 1985 година го основа првиот и единствен Кунг Фу Клуб во Битола, а во 1992 година го основа и Кунг Фу Фул Контакт Сојузот на Македонија.

Неофицијално, причина за смртта на легендарниот спортист е мозочен удар и проблеми со срцето.

Следни Објави

Хаос во Скопје: Несовесни пациенти, сестрите немоќни да делуваат

Патиме од несовесноста! Надвор сончев убав ден, а пациентите од мобилната болница си ги отвориле прозорите за луфтирање. Бидејќи прозорите на оваа привремена болница се ниски, членовите на семејствата на заразените пациенти го искористуваат ова можност за посета. Седев три часа пред инфективна, и не знам колку групи на семејства […]