fbpx

Маските повеќе не се доволни: Д-р Дејан Трајковски со важна порака!

Јасно ми е дека не им е гајле што народот масовно се разболува и умира, само не ми е јасно како не им е страв за нив самите и нивните семејства? Зар немаат ни еден постар во семејството или се толку сигурни дека се недопирливи? Зарем не сфаќаат дека ја преплавија државата со вируси и дека се индиректно одговорни за смртта на 1.400 луѓе?

Со толку раширена циркулација на вирусот, повеќе не помагаат доволно ни маските во затворени простории. Не помага ни одржувањето растојание, концентрацијата на вируси во воздухот е преголема и доволна е за инфекција дури и преку маски. Не е исто дали во просторијата има еден или десет заразени, со десет пати повеќе заразени и концентрацијата на вируси е десет пати поголема. Зар мислат дека сите што се заразиле се заразиле само поради лично невнимание?

Секое влегување во јавна затворена просторија веќе претставува ризик по здравјето и животот, затоа бараме да нé заштитат со тоа што ќе ги соборат бројките преку итен тотален локдаун, макар неколкудневен. Самите повеќе не можеме да се заштитиме, колку и да сакаме.

Фејсбук-статус на Д-р Дејан Трајковски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Сите се збогуваат со Драган: Омилениот доктор почина од корона

Реномираниот гинеколог и акушер, д-р Драган Ранков, почина во Општата болница во Кикинда од коронавирус. Добитник е на повеќе интернационални признанија, а ќе остане запаметен по својата посветеност и неисцрпна енергија кога е медицината во прашање. Им беше омилен доктор на различни генерации родилки, информираат српските медиуми. Д-р Ранков беше […]