fbpx

Голема загуба: Уште еден македонски доктор почина од корона

На 60-годишна возраст почина д-р Владимир Кочоски, хирург-специјалист кој две недели се лечел од Ковид-19 на скопската Инфективна клиника, информира порталот „Сакам да кажам“.

По добиениот негативен тест, ден пред неговото пуштање дома, нагло му се влошила состојбата поради нарушените витални органи, пишува „СДК.мк“

Итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), но не успеал да се избори со компликациите кои ги предизвикал вирусот.

– Беше истакнат и ценет лекар, кој несебично се жртвуваше во спасувањето на многу човечки животи. Од цела држава доаѓаа пациенти кај него. Оваа е голема загуба за нас, за медицината, за семејството – раскажуваат неговите колеги.

Зад себе остави две ќерки на кои медицината им е исто така животна определба. Сопругата му починала пред три години од карцином на дојка.

Следни Објави

Игор од болница предупредува: Ако го забележите овој симптом, итно барајте лекар!

Во третиот бран на епидемијата на коронавирусот како најчести симптоми лекарите ги издвојуваат болката во грбот, сувата кашлица и отежнатото дишење. Покрај температурата, течењето на носот, губењето на вкус и мирис, се почест симптом кој се појавува кај заболените од Ковид-19 е промената на кожата, како и отекување на прстите. […]