Никола Перевски-Пере на денот на неговиот именден одлучи со фановите да ги сподели првите фотографии од ќерката Софиа.
„Си дојде дома мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млекo“, напиша пејачот на популарниот бенд „Нокаут“.
Пере по третпат стана татко, откако неодамна по вторпат се ожени. Неговата избраничка се вика Јована Темелковска и му е поранешна девојка со која по четири години пауза лани ја возобновил љубовната врска.