Поранешниот селектор на машката и женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, ја загуби битката со коронавирусот.
Лазовски (58) беше тренер на Вардар, МЗТ Скопје, АМАК-СП, Пелистер, Торус и во Работнички.
На социјалните мрежи, пријателите со трогателни посвети се збогуваат со популарниот Маки.
– Ни останаа многу неиспиени кафиња и муабети за кошарката. Трајно во сеќавањата ќе ми останат бројните моменти со тебе и Стојна кога дружбата беше спортска и пред се’ нормална и човечка. Почивај во мир мајсторе. Денес сите загубивме голем човек и голем тренер. Вечна ти слава – напиша кондициониот тренер Златко Јанакиевски.