fbpx

Трагедија: Почина топ-моделот Стела Тенант, мајка на четири деца

Британскиот топ-модел Стела Тенант, муза на Карл Лагерфилд позната по својот андроген имиџ, ненадејно почина на 50-годишна возраст.

„Беше прекрасна жена и инспирација за сите нас. Многу ќе ни недостига. Семејството моли за приватност во овие тешки денови. Деталите за погребот ќе бидат објавени утре“, стои во официјалното соопштение.

Тенант во август годинава објави дека се разведува од сопругот Дејвид Ласнет по 21 година брак. Го запозна во врвот на популарноста, а по гламурозната свадба се преселија на огромниот имот на нејзините родители во Шкотска. Заедно имаат четири деца, на возраст од 15 до 22 години.

Следни Објави

Само 40 отсто од нашите второодделенци читале со разбирање

Според истражувањето кое го спровело Министерството за образование и наука, само 40 проценти од македонските ученици во второ одделение читале со разбирање. За разлика од нив, во светот 80 проценти од второодделенците разбирале. Дури 84 проценти од анкетираните наставници биле согласни за реформи во образованието, затоа што учениците заостанувале со […]