Снежана Дивац, сопругата на легендарниот кошаркар Владе Дивац, сподели со јавноста дека поминува низ многу тежок период во животот.
Таа oткри дека претходниот месец нејзиното семејство се соочило со зaгуба на дури шест блиски луѓе, а ќерка ѝ Петра во моментов води битка со коронавирусот.
– Во само еден месец дури шест блиски луѓе на мојата фамилија засекогаш не’ напуштија, а оваа година повеќе од дваесет. Да, и ќерка ми има корона, но фала му на Бога добро се чувствува. Уморна сум – напиша таа на „Твитер“.
Нејзините следбеници веднаш ѝ упатија бројни пораки со поддршка и ѝ порачаа што побрзо да ги преброди овие тешки моменти.
Снежана и Владе Дивац, покрај ќерката Петра која е посвоена, ги имаат и синовите Матеј и Лука.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.