На 66 години почина македонската пејачка Марина Пухариќ. Интерпретираше и забавна и староградска народна музика, а многумина ја паметат и како наставничка по физика и хемија.
Смртта ја потврди и нејзината ќерка која со трогателна посвета се прости од мајка си.
„Душа моја. Ангел. Најважната личност во мојот живот. Никогаш повеќе нема да ти го слушнам гласот. Веќе ми недостигаш премногу, мамо. Нека ми те чуваат ангелите“, напиша Милка Пухариќ Џартовска.
Ни починаа во иста година: Познатите сестри Ана и Катерина искрено за родителите
Таа во нејзин спомен ја сподели и песната „Утеха нема“, па напиша:
„Мамо! Зошто? Зошто не’ напушти? Не заслужи вака. Проклета болест! Најдобрата мама на цел свет. Патувај во рајот!“
Посмртните останки на Пухариќ ќе бидат изложени утре во капелата на гробишта во Бутел од 13:30 до 14:00 часот.
Фото: Нова Македонија
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.