fbpx

Ни починаа во иста година: Познатите сестри Ана и Катерина искрено за родителите

Сестрите Катерина Тодевска Спасиќ и Ана Тодевска кои македонската публика ги препознава по неколку различни ТВ-проекти, првпат проговорија за семејната трагедија.

Докажаните новинарки и водителки ги загубиле родителите за само десет месеци.

За „Женски Магазин“ раскажуваат дека оваа болка уште повеќе ги зближила и ги направила посилни.

– На душман не посакувам да го доживее тоа што јас го доживеав, во една година да ги изгуби најдобрите луѓе на светот, најдобрите другари, најдобрите мајка Марика и татко Младен, со многу тешки дијагнози, по болници со години, стресови и трауми. Многу се сакаа и не можеа еден без друг, затоа и си заминаа еден по друг – раскажува Ана за болниот период од нејзиниот живот.

И Кате со заддршка зборува за трагедијата. Вели дека нивните родители ги научиле да бидат добри и чесни луѓе и да се борат.

Ана во моментов е новинар и презентер на вести на телевизија Алфа, а Катерина работи на емисијата „Најдобриот работник“ на ТВ 24.

Целата приказна можете да ја прочитате на „Женски Магазин“.

Следни Објави

Мамо, душо моја, веќе ми фалиш: Ќерката на Марина со трогателна посвета

На 66 години почина македонската пејачка Марина Пухариќ. Интерпретираше и забавна и староградска народна музика, а многумина ја паметат и како наставничка по физика и хемија. Смртта ја потврди и нејзината ќерка која со трогателна посвета се прости од мајка си. „Душа моја. Ангел. Најважната личност во мојот живот. Никогаш […]