fbpx

Имаше убавина која остава без здив, а сега се гуши во пластика

Италијанската дизајнерка Донатела Версаче (65), освен со успесите што ги реди со нејзината модна империја, не престанува да го привлекува вниманието и со својот изглед.

Многубројните естетски корекции ѝ го донесоа прекарот „кралица на пластичните операции“.

Некогашната природна убавица денеска сите ја гледаат со чудење, па дури и со потсмев.

Претераното користење на ботокс, изобличените усни и лице ја ставија на самиот врв на листата на светски ѕвезди кои претерале со пластичните операции.

Медиумите пишуваа дека тоа е последица на бурниот живот кој го водела, на маратонските забави проследени со многу алкохол и дрога кои во меѓувреме ја доведоа и до неколку панични напади.

Донатела се најде на врвот на модното царство на Версаче во 1997 година, откако врз нејзиниот славен брат Џани Версаче беше извршен атентат во Мајами.

Таа заедно со ќерка ѝ Алегра успеа да го одржи наследството на брат ѝ. Нејзините креации се престиж да се носат, иако не секогаш поминуваат добро кај модните критичари.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не грижи се мамо: Карлеуша со трогателна посвета

Поминаа точно две години од смртта на долгогодишната новинарка и радиоводителка Дивна Карлеуша која почина на 61-годишна возраст од канцер на белите дробови. Нејзината славна ќерка, српската ѕвезда Јелена Карлеуша, со емотивна посвета се сети на мајка си. „Само ќе ги затворам очите и тука си. Ќе ти го слушнам […]