fbpx

Емотивна средба: Атиџе запеа со талентираната и храбра Дени Жерновска

Пријателството меѓу Сузана Турунџиева и Атиџе Муратовска наиде на голем интерес кај македонската јавност. Судејќи по тоа што го објавува на социјалните мрежи, популарната пејачка и водителка досега успеа да ѝ исполни неколку желби на хероината од македонскиот оскаровски документарец „Медена земја“.

Турунџиева овојпат ја врати Атиџе во школските клупи и тоа со причина.

„Атиџе е човек кој премногу ги сака децата. Мојата ученичка Дени Жерновска е осмоодделенка која премногу ја сака Атиџе и музиката. Денес, одлучив да ја исполнам нејзината желба и да им пружам можност (на дистанца) да се запознаат и заеднички да запеат“, откри Сузе и објави неколку фотографии од емотивната средба.

Дени е предвремено родено дете со исклучителен талент. Таа пишува песни, изработува честитки и пее во училишниот хор. И покрај физичката попреченост, оди дури и на часови по танц.

Турунџиева ги информира нејзините следбеници дека со Атиџе веќе неколку дена имаат и онлајн активности, помеѓу кои и дружење со нејзините ученици.

„Таа ни беше гостинка на часовите по Танци и народни ора и Проекти од музичка уметност, а тие беа воодушевени од нејзиното уникатно животно училиште и со огромно внимание ја слушаа додека таа им пееше и им раскажуваше за обичаите, фолклорот и особеностите во нејзиниот крај. Бесценето“, порача Турунџиева.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ова го може само монструм: Нови шокантни сознанија за Беливук

Според досегашната истрага, српските медиуми пишуваат дека се’ поизвесно е дека Вељко Беливук и неговата криминална банда ги снимале сите ѕверски убиства кои им се припишуваат. Тортура, отсечени глави, топење на тела во киселина и други слични монструозни дела досега можеа да се видат само на страшните пропагандни видеа на […]