fbpx

Драматично: Нови детали за Веља Невоља

Вељко Беливук (35), познат како Веља Невоља, подготвувал ликвидација на неколку инспектори кои ја истражувале неговата криминална банда, дознаваат српските медиуми.

На распит за Веља Невоља: Кој е најпознатиот јутјубер на Балканот?

Во криптираните пораки пронајдени во многуте запленети телефони, наводно се пронајдени фотографии и лични податоци на неколку полицајци, но и на членови од нивните семејства. Се тврди и дека акцијата имала и договорен датум, 15-ти февруари.

Извори на истрагата велат дека е голема среќа што криминалците биле уапсени неколку дена претходно и дека на тој начин спречиле големо крвопролевање.

Невоља и уште неколку лица се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Луѓето платија со 7.000 животи, сѐ повеќе ќе се умира: Детална анализа на д-р Дејан Трајковски

Да тропнеш и да останеш жив дека денеска имало помалку новодијагностицирани и дека бројот на нови случаи ќе се намалувал, може да значи или дека не знаеш што зборуваш или дека си непоправливо расипан и ич не ти е гајле што народот се’ повеќе ќе се разболува и ќе умира […]